Приказна од САД која инспирира: Фудбалер кој е слеп со едното око дебитираше на најголемата сцена! (ФОТО)

Светското клупско првенство кое се игра во САД носи интересни приказни, а една од оние кои сигурно инспирираат е онаа на фудбалерот Џорџ Минунгу.

Станува збор за фудбаалер кој го носи дресот на МЛС тимот Сител Саундерс. Неговата приказна е посебна затоа што и покрај хендикепот кој го има и не гледа со едното око успеа да дебитира на најголемата светска сцена.

Кариерата ја започна во 2002 година, а во 2024 година пристигна во Сител. На турнирот во САД натпреварот против Ботафаго го помина на клупата за резерви, но доби шанса против Атлетико Мадрид кога ги одигра последните 12 минути од средбата.

Фото: EPA