
Јувентус го распарчи Ал-Аин, Салцбург не дозволи изненадување (ВИДЕО)
„Старата дама“ ја најави победата уште во првото полувреме, кога Коло Муани постигна два гола, а по еднаш стрелаа Консеисао и Јилдиз.
Ал-Аин не успеа да одговори и делуваше изгубено на теренот, а тоа го искористи калчолигашот и за петти гол преку Консеисао во 58. минута од натпреварот.
Јувентус и Манчестер сити се на делба на првата позиција во групата Г со по три бодови, додека Видад и Ал-Аин немаат бодови.
Салцбург славеше со минимални 2-1 против Пачука, која не сакаше да се предаде лесно. Глук го постигна првиот гол за австрискиот тим во 42. минута, по што Гонзалес во 56. минута стрелаше за 1-1.
Онисиво не дозволи изненадување и го постигна вториот погодок за Салцбург во 76. минута, со што ја потврди победата од 2-1.
Во групата Х, Салцбург има три бодови, додека Реал Мадрид и Ал-Хилал имаат по еден бод, а Пачука е на дното без поен.
Фото: Facebook/Juventus