Објавен календарот: Првото коло од Премиер лигата носи големо дерби

Англиската Премиер лига денеска го објави распоредот на натпреварите за новата сезона која започнува на 15 август (петок).

Шампионатот ќе биде отворен со натпреварот помеѓу Ливерпул и Бормут во терминот од 21 часот.

Еден ден подоцна силите ќе ги одмерат: Астон Вила – Њукасл, Брајтон – Фулам, Нотингем Форест – Брентфорд, Сандерленд – Вест Хем, Тотнем – Барнли и Вулвс – Манчестер Сити.

Првото коло носи и големо дерби кое е закажано за 17 август (недела) и тоа едни од најголемите англиски ривали, Манчестер јунајтед и Арсенал, а во преостанатите два дуели тој ден ќе се сретнат Челси – Кристал Палас и Лидс – Евертон.

Последното коло со кое ќе се затвори сезоната е закажано за 24 мај.

Фото: EPA