
И Герет Бејл ќе стане газда - купува фудбалски клуб
Поранешниот ас на Реал и Тотнем е на чело на еден американски инвестициски фонд и во моментов се водат разговори за влез кој тукушто испадна од Чемпионшип. Преговорите меѓу Плимут и групацијата на Бејл се водат далеку од очите на јавноста и постојат големи шанси да завршат позитивно, на обострано задоволство. Претседателот на Плимут, Сајмон Халет веќе една година бара нови инвеститори и по се изгледа успеа да ги најде.
Последните месеци голем број фудбалери станаа (ко)сопственици на фудбалски клубови од целиот свет и тоа стана мода меѓу нив. Модриќ од неодамна е меѓу газдите на Свонси, Мбапе има акции во Кан, Нголо Канте во Ексцелзиор, Хуан Мата во Сан Диего итн.