Кристијансон избран за МВП на Ф4-турнирот во ЛШ

Ракометарот на новиот европски шампион Магдебург, Гисли Кристијансон ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) на Ф4-турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Кристијансон блесна на завршниот турнир и му помогна на Магдебург да го освои шампионскиот пехар во елитното натпреварување.

Најдобар стрелец во ЛШ за сезоната 2024/25 беше десниот бек Матијас Гидсел со 135 голови.

Фото: Facebook/SC Magdeburg