Дуплантис постави нов рекорд - скокна дури 6,28 метри (ВИДЕО)

Швеѓанецот Арманд Дуплантис повторно ја воодушеви публиката со неговиот настап во татковината, кога скокна дури 6,28 метри и постави светски рекорд.

Дуплантис пред настапот им вети на навивачите дека ќе се потруди да го урне рекордот, по што доби голема поддршка и ја оствари зацртаната цел.

„Ова е еден од моите најголеми успеси. Да се урне светски рекорд, на овој стадион, пред сопствената публика, тоа е магично“, кажа Дуплантис.