Коман се запиша во историјата - прв стрелец на Светското клупско првенство! (ВИДЕО)

Во вториот натпревар на Светското клупско првенство постигна е првиот гол во историјата на ова, ново натпреварување, а стрелец е Кингсли Коман од Баерн Минхен.

Вчерашниот меч меѓу Ал Ахли и Интер Мајами заврши без голови, па денеска го видовме првиот гол на натпреварување. 

Него го постигна Кингсли Коман со глава кој погоди за водство на Баерн против Оукленд Сити од 1-0.

Името на Коман ќе биде запишано како прв стрелец во историјата на Светско клупско првенство од овој формат.