Мурињо го врбува Сон да се пресели во Фенербахче, но Тотнем бара многу пари!

Хеунг-мин Сон беше еден од омилените фудбалери на Жозе Мурињо додека тој беше во Тотнем, Португалецот сега се обидува да го донесе во Фенербахче.

Наводно, по разговорот со Мурињо, Сон прифатил преселба во Фенербахче, проблем е Тотнем кој бара 30 милиони евра што е сериозна сума за турски фудбалски клуб.

Сон, но и голем дел од другите фудбалери на Тотнем се разочарани од потегот на раководството да го отпушти Анже Постекоглу и покрај освоениот трофеј во Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите.

Ситуацијата во Тотнем не е розева, тоа го знае Мурињо, па се обидува да го искористи овој момент и да дојде до мега засилување од таму.