Наредната сезона директно испаѓаат три прволигаши, уште два ќе играат бараж!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на редовна седница донесе важни одлуки поврзани со организацијата во македонскиот фудбал, меѓу кои се усвои нов систем за натпреварувања во Првата, Втората и Третите регионални лиги на Македонија, а истиот ќе важи од сезоната 2026/27.

Најсилната македонска лига од 2026/27 ќе се намали од 12 на 10 екипи, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Според новиот систем на ФФМ, од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.

Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. Место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.

КОМПЛЕТНИОТ СИСТЕМ СЕ НАОЃА НА ОВОЈ ЛИНК

ФФМ донесе одлука и за статусот на играчи од државите од „Отворен Балкан“ (Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора“, па така тие во иднина нема да се сметаат за странци при регистрација.

Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување, а исто така донесе одлука и за зголемување на таксите за регистрација на странски фудбалери во иднина.

Со новата одлука, се зголемува износот на регистрациските такси за странски фудбалери, според следната скала:

За петтиот фудбалер/странец, таксата за регистрација ќе изнесува 6.500 евра; 

За шестиот фудбалер/странец, таксата за регистрација ќе изнесува 9.000 евра;

За седмиот фудбалер/странец, таксата за регистрација ќе изнесува 11.500 евра;

За осмиот фудбалер/странец, таксата за регистрација ќе изнесува 16500 евра;

Целото соопштение на ФФМ може да се прочита ТУКА.