
Џентлменски потег на Вардар - јавно му ја честита титулата на Пелистер!
Вардар му ја честиташе титулата на Пелистер, но им се заблагодари и на Комити и останатите вардарови навивачи за одличната атмосфера која ја направија. Од клубот ветуваат дека црвено-црните ќе стануваат уште посилни и дака ќе се вратат на врвот.
„Упатуваме честитки до екипата на Пелистер за вчерашната победа и освоената титула во ракометната Супер Лига 🇲🇰
Огромна благодарност до нашите Комити и
до илјадниците наши навивачи за одличната црвено-црна атмосфера. Вашата поддршка за време и по завршувањето на натпреварот е нашата најголема сила, наш најголем мотив да продолжиме уште посилно да се бориме за подобра иднина на клубот, за нови успеси!
Очите на ракометниот свет вчера беа насочени кон Скопје, кон полната сала ,,Јане Сандански” која и покрај поразот на нашиот клуб, сведочеше на одличен дерби дуел, кој секако дополнително допринесува и кон поголема афирмација на македонскиот ракомет.
Заедно Вардар повторно ќе го вратиме онаму каде што му е местото - на врвот“, напишаа од Вардар.