
Ал Хилал се договара со клубовите, но не може со фудбалерите - доби корпа од Ернандез и Осимен!
Саудијците ја договорија висината на обештетувањето со Милан за Тео Ернандез и со Наполи за Осимен, но двајцата фудбалери ги одбија.
Се чини дека двајцата фудбалери не ја добиле сумата која ја посакувале, а ако Саудијците не го одврзат доволно ќесето нема да потпишат со ниту еден од нив.
На клубовите од Саудиска Арабија треба да им е јасно дека треба да им платат на европските ѕвезди најмалку двојно од она што го заработуваат во Европа за да успеат да ги донесат.