
Роналдо се повреди, Шпанија и Португалија ќе играат продолженија
По 90 минути игра, резултатот е 2-2 со тоа што Шпанците два пати водеа, а Португалија израмнуваше. Двата гола за Шпанија беа постигнати во првото полувреме, стрелци беа фудбалерите на Сосиедад, Зубименди и Ојарзабал, додека израмнуваа Нуно Мендес и Роналдо.
На две минути пред крајот на основниот дел од мечот, Португалија остана без својот капитен Кристијано Роналдо кој доживеа повреда, најверојатно на задната ложа, нешто слично како во финалето од Европското првенство во 2016 година.