
Македонските фудбалери ја почувствуваа вештачката трева на „Астана Арена“ (ФОТО)
По одличното издание против Белгија, македонската фудбалска репрезентација има нов предизвик, утре на мегдан ќе излеземе со селекцијата на Казахстан.
Квалитетот е на наша страна иако Казахстан не е наивна репрезентација и ќе сака да ги земе бодовите. Предност за нив ќе биде и теренот кој е од вештачка трева.
Македонските фудбалери денеска се запознаа со условите на стадионот пред утрешната средба, го одржаа редовниот тренинг.
На утрешниот меч Благоја Милевски нема да ја води селекцијата од крај аут линијата поради суспензија. Неговата должност ќе ја преземат помошниците Роберт Стојановски и Влатко Грозадановски.