
Кукуреља заспа, Роналдо го израмни резултатот (ВИДЕО)
За второто израмнување се погрижи Кристијано Роналдо кој со гол круниса една акција по левата страна на Бернардо Силва. Вина за голот има Марк Кукуреља кој не успеа добро да се загради и му овозможи на противничкиот капитен да ја затресе мрежата.
Претходно, Шпанија замина на голем одмор со 2-1 по голот што го постигна Ојаразбал на асистенција на Педри.