
Шпанија поведе, ама се радуваше само пет минути (ВИДЕО)
Резултатот го отворија Шпанците преку Зубименди кому топката му падна пред нозе на 2-3 метри од голот на Португалија. Противникот израмни од својата прва посериозна акција, стрелец беше Нуно Мендес кого шпанските фудбалери очигледно го потценија и го оставија сам во шеснаесетникот, па тој буквално ја заби во мрежата на Унаи Симон.
Пред головите, Шпанија беше подобар противник и имаше неколку шанси од кои најдобрата ја пропушти Педри.