Готово: Борусија повторно ќе има Белингам!

Борусија Дортмунд и Сандерленд постигнаа конечен договор за трансферот на Џоб Белингaм, братот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд.

Германскиот гигант ќе плати 33 милиони евра фиксна сума, а дополнително се предвидени и уште пет милиони евра преку бонуси, со што вкупниот трансфер може да достигне 38 милиони евра. Во договорот е вклучена и клаузула од 15% од идната продажба на играчот што ќе припадне на Сандерленд.

Ова е најголемиот трансфер во историјата на Сандерленд кој претходно одби почетна понуда од 20 милиони евра. Од друга страна, Џоб Бeлингaм станува втор најскап фудбалер во историјата на Борусија Дортмунд, гледано според фиксната сума.

Со ова Џоб тргнува по стапките на својот брат кој исто така го носеше дресот на Борусија Дортмунд пред да се пресели во Реал Мадрид.