„Казахстан не смееме да го потцениме, мора да сме на највисоко ниво“

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски поради третиот жолт картон кој го доби во натпреварот против Белгија во Скопје утре нема да биде на клупата на репрезентација, а Милевски ќе го замени неговиот прв асистент Роберт Стојановски.

Стојановски зборуваше и на денешната прес-конференција на која потенцираше дека противникот не смее да се потцени.

„Ќе играме против добар тим ккој не смееме да го потцениме. Ги почитуваме и очекуваме пред се наше најдобро издание“, најави Стојановски.

Натпреварот ќе се игра на вештачка трева.

„Фудбалерите се професионалци и подготвени се да играат на било кој терен. Кога е мотивацијата во прашање, кога се игра за репрезентацијата, секогаш има желба и никогаш не се доведува во прашање. Тактиката ќе ја одлучиме по тренингот, Казахстан се потпира колективот и не би можел некој посебно да издвојам“, истакна Стојановски.

За утрешниот натпревар Казахстан нема да може да смета на Бојан Димовски и Исник Алими.

Натпреварот помеѓу Казахстан и Македонија се игра во терминот од 16:00 часот.