Алкалоид се одјави од сезоната со лесна победа над Бутел

Ракометарите на Алкалоид денеска го одиграа мечот од последното коло во Суперлигата, победија Бутел со убедливи 31-22.

Момците на Кире Лазаров ја завршија успешната сезона во која испишаа историја освојувајќи го Европскиот куп на ЕХФ.

Што се однесува до домашното првенство, финишираа на третото место зад Пелистер и Вардар кои до последното коло се бореа за титулата.

Алкалоид денеска немаше проблеми со Бутел, а победата ја остварија уште во првото полувреме кое го добија со 14-11. Предноста од три разлика само ја зголемија дополнително за да дојдат до конечни 31-22.

Дури четворица ракометари на Алкалоид постигнаа по пет голови, Џонов, Савревски, Серафимов и Петковски, во Бител Узунчев даде пет, а Михајловиќ четири.