Димитриевски: Белгија е завршена приказна, Казахстан знае да игра фудбал

Maкедонската фудбалска репрезентација утре ја очекува натпреварот против Казахстан во Астана во кој ќе влеземе со улогата на фаворит, но Столе Димитривски порача дека мораме а сме претпазливи и внимателни.

За натпреварот со Белгија, Димитриевски смета дека Македонија заслужила и повеќе, меѓутоа сега тоа е завршено и од првиот момент по последниот судиски свиреж во Скопје неговите мисли се насочени кон Казахстан.

„Секој натпревар е посебен, знаеме дека утре нема да биде лесно. Против Белгија беше тешко, но според мене заслуживме повеќе. Имавме долг пати не знам колку енергија ќе имаме, но секако дека ќе излеземе на терен да победиме. Направивме анализи и од нив видовме дека се екипа која гради акции од последната линија, тука мора да сме максимално внимателни. Знаат да креираат и доаѓаат во прилики „еден на еден“, ние ќе бидеме подготвени на тоа.

Белгија е завршена приказна од кога влегов во соблекувалната по тој натпревар. Немаме многу време и секогаш мораме брзо да се адаптираме и подготвуваме. Дисциплината секогаш е важна и само така би можеле да одиграме добар натпревар“, истакна Димитриевски.

Последниот пораз Македонија го забележа на 10 јуни со Чешка, па ако утре дојдеме до позитивен резултат ќе оствариме рекорд, една година без пораз.

„Фан сум на статистиката, ако имате добра статистика, значи дека добро сте работеле. За мене да се биде непоразен една година е фантастично нешто“, порача Димитриевсски.

Казахстан и Македонија на теренот во Астана ќе излезат во терминот од 16:00 часот.