Одбојкарите поразени и од Словачка, повторно без освоен сет

Најдобрите македонски одбојкари беа поразени и во вториот натпревар од Европската златна лига во кој игравме против Словачка која беше подбра со 3-0 во сетови (25-21, 25-22 и 25-23).

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски одиграа нешто подобро во однос на првиот пораз со Финска, пруживме отпор во сите три сета, но сепак во клучните моменти домаќинот ги добиваше поените.

Констатно Мкаедонија беше во игра, меѓутоа веројатно недостасуваше и искуство. Лидер на нашиот тим беше капитенот и најискусен во составот Никола Ѓорѓиев со 17 поени, а зад него следеше Љафтов со десет поени, Филип Савовски застана на осум.

Одбојкарите утре се враќаат во Струмица за потоа в среда да патуваат за ига на вториот турнир.