
Милан го потврди заминувањето на Консеисао! (ВИДЕО)
Консеисао имаше одличен почеток на пресојот во Милан, го освои италијанскиот Суперкуп, но потоа работата тргна во лош правец кој резултираше со отказ.
„Сакаме да му се заблагодариме на Серџо Консеисао и неговиот стручен штаб за неговата верност, професионализам и посветеност која ја покажаа за време на нивниот престој во изминатите неколку месеци“, стои во соопштението на Милан.
Росонерите за нов тренер ќе го назначат Алегри. И оваа информација наскоро се очекува да биде објавена од клубот.