
Ѓоковиќ со победа без загубен сет тргна на Ролан Гарос!
Српскиот тениски ас со релативно лесен триумф стартуваше на Ролан Гарос. Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-3 и 6-3 го победи Американецот Мекензи Мекдоналд.
Во наредното коло Ѓоковиќ ќе има француски противник, победникот од дуелот меѓу Муте и Табур.
Од денес одиграните мечеви, слична победа како Ѓоковиќ со 3-0 славеше и Зверев над Тиен.
Интересен беше мечот меѓу Нори и Медведев кој го доби Британецот со 3-2 во сетови.
Димитров поради повреда го предаде мечот со Квин кога Бугаринот водеше со 2-1 во сетови.
Ласло Ѓере со 3-0 загуби од Де Минор, порази и за Лајовиќ со 3-0 од Шевченко.