Антони поминувал низ пекол во Манчестер: Не сакав ниту да јадам...

Бразилскиот фудбалер Антони, кој моментално настапува како позајмен играч во Реал Бетис од Манчестер Јунајтед, во интервју за „ТНТ Спортс“ си ја отвори душа и проговори за тешкиот личен и професионален период додека бил во Англија.

Антони во зимскиот преоден рок ја напушти Англија поради слаби настапи и како позајмен фудбалер продолжи сезоната во шпанската Ла Лига каде блесна во дресот на Бетис. 

„Морав повторно да се пронајдам, поради сè што ми се случи во приватниот живот. Не бев среќен, не чувствував желба да играм фудбал. Само јас знам како ми беше, седев дома без сила дури да си играм и со синот. Имаше денови кога не јадев и не излегував од соба“, призна Бразилецот. 

Голема поддршка во тие моменти за него бил неговиот брат.

„Брат ми беше до мене и ми велеше да издржам уште малку, дека работите ќе се сменат. Бев многу погоден и ако не беше тој сигурно уште полошо ќе се чувствував“, истакна Антони. 

Ситуацијата целосно се промени во Бетис каде што веднаш по пристигнувањето успеа да се доближи до формата со која играше и во Ајакс. Во вториот дел од сезоната за шпанскиот тим постигна девет голови и додаде пет асистенции на 25 натпреври.

Фото: Real Betis Balompié