
Постекоглу ги замолкна сите - вистина освојува во втората сезона! (ФОТО)
Во септември минатата година по пораз од Арсенал на домашен терен, Постекоглу рече дека вообичаено освојува трофеи во својата втора сезона.
Поради неа беше исмеван, никој не веруваше дека можат до трофеј, но на крајот испадна точно, Постекоглу освои во втората сезона и тоа со Тотнем.
„Верував во тоа. Го имав тоа во мене повеќе од било што“, рече Постекоглу по вчерашната победа.
Дури и фудбалерите на Тотнем имаа банер со изјавата на Постекоглу, па го извадија за време на славјето на трофејот.