Почнува финалниот спринт за титулата, ТФТ го предизвикува МЗТ Скопје

Вечерва од 19:30 часот во „Јане Сандански“ официјално почнува финалната серија од кошаркарскиот плејоф во македонското кошаркарско првенство во кое се среќаваат МЗТ Скопје и ТФТ.

Титулата ја брани МЗТ, а ТФТ првпат во својата кратка историја доаѓа до оваа фаза од шампионатот и ќе се обиде на трофејот од Купот во 2022 година да го додаде и овој од првенството. Во основниот дел од сезоната, екипите одиграа два меѓусебни дуела и на секој од нив, како домаќин, славеше по една од нив.

Интересно е тоа што и МЗТ Скопје и ТФТ до финалето стигнаа без ниеден загубен натпревар. Актуелниот шампион со по 3-0 ги елиминира Феникс и МКК Куманово, додека тимот од Тафталиџе истото го направи со Чаир и Работнички.

МЗТ Скопје ќе се бори за својот 12. шампионски трофеј во историјата, додека ТФТ ќе се обиде да го крене првиот шампионски пехар и да влезе во друштвото на освојувачи на националната титула кое брои само пет екипи: Работнички, МЗТ Скопје, Тиквеш (како Фени Индустри), Николферт и Струмица.

Нов шампион на Македонија ќе биде тимот што ќе прв ќе дојде до три победи. Домаќин на првите два натпревара е МЗТ Скопје, потоа (евентуално) два се играат на теренот на ТФТ, а можната „мајсторка“ е во „Јане Сандански“.