
Драма во финалето: Славниот норвешки стручњак колабираше среде натпревар (ВИДЕО)
Во текот на второто полувреме од вториот меч во серијата, изненадувачки му се слоши на славниот норвешки стручњак Кристијан Берге кој ја загуби свеста и падна покрај клупата. Атмосферата веднаш се смени, во арената завладеа молк, сите беа во шок, а ракометарите, членовите на стручните штабови и докторите потрчаа на помош. За да не се гледа што се случува, околу Берге кренат параван.
За среќа, трофејниот тренер, кој во моментов го предводи Колштад, беше при свест додека го изнесуваа од арената и доби силен аплауз од публиката. Иако првичните информации беа дека е префрлен в болница, тој добил помош во соблекувалната и останал во арената.
Моментот кога Берге се онесвести, можете да го погледнете ТУКА.