Трајковски се надева на титула со Хајдук: Веруваме до крај! (ФОТО)

Титулата во хрватското фудбалско првенство ќе се решава во последното коло, а македонскиот напаѓач Александар Трајковски со Хајдук Сплит ќе се надева до последен момент дека ќе се закити со пехарот.

Трајковски беше херој на гигантот од Сплит во мечот против Риека, откако стрелаше со глава за победа од 2-1, а македонскиот фудбалер пред последниот натпревар објави кратка порака на социјалните мрежи.

„Веруваме до крај!“, напиша Трајковски.

Хајдук во последното коло ќе се соочи против Шибеник, Риека игра против Славен Белупо, додека Динамо Загреб ќе се пресмета со Вараждин.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/HNK Hajduk Split