
Станиќ продолжува само како селектор, Работнички ќе бара нов тренер
Натпреварот против Брера од последното коло беше негов последен на клупата на клубот од Дебар Маало и во иднина Станиќ ќе се посвети на работата како селектор на репрезнтацијата до 21 година.
Работнички од друга страна во наредниот период ќе назначи нов тренер со кој ќе се подготвува за наредната сезона.
Работнички беше и клуб во тренерската кариера на Станиќ кој претходно работеше во генерациите на Македонија до 17, 18 и 19 години.