
Португалец пристигна во Кратово: Силекс потпиша со Мигуел Пиреш!
Пиреш игра во средниот ред и доаѓа во Силекс од редовите на кипарски Диегенис Акритас, откако претходно играше за Агиа Напа, Ахронас, Онилсон Сотира, но и за други екипи во татковината.
Силекс оваа сезона водеше голема борба со Шкендија за шампионската титула, но на крајот заврши со три бодови помалку од ривалот од Тетово.
Екипата од Кратово следната сезона ќе игра во Европа, па се очекува во следниот период да ангажира нови засилувања.
Standings provided by Sofascore