
Шокантен кам-бек: Клоп ќе биде тренер на Рома!?
Италијанскиот весник Ла Стампа објави дека во неделата вечер, непосредно по дуелот меѓу Рома и Милан, германскиот стручњак дал согласност да го преземе римскиот клуб и тоа, така што му се јавил на претседателот Ден Фридкин да му каже дека се согласува. Шпекулациите дополнително ги подгреа објавата на Рома во која ги прикажа знаменитостите на Рим чии почетни букви даваат Клоп (KLOPP): Колосеум, Лупа, Олимпико, Пјетро и Пантеон.
Последните месеци тренер на Рома беше Клаудио Раниери кој од борба за опстанок ја однесе екипата пред портите на Лигата на шампионите, но тој соопшти дека по завршувањето на сезоната дефинитивно заминува во пензија.
Веста за можното доаѓање на Рома предизвика воодушевување кај навивачите на Рома кои веќе 24 години чекаат шампионска титула во италијанското првенство.