
Јамал ги „пецна“ Белингам и Рамос: Ајде сега, ставете еден лајк и тука! (ФОТО)
Каталонците реагираа експресно по почетниот шок и успеаја да постигнат четири гола до крајот на првото полувреме, демонстрирајќи моќна офанзивна игра и зрелост во клучните моменти. Еден од клучните играчи на пресвртoт беше тинејџерот Ламин Јамал, кој го израмни резултатот на 2-2. По натпреварот, младиот напаѓач привлече внимание и со објава на социјалните мрежи, во која иронично се обрати до Џуд Белингам и Серхио Рамос.
Имено, Јамал не заборави дека двете ѕвезди претходно „лајкнаа“ објава на Интеров дефанзивец Алесандро Бастони, по елиминацијата на Барса од Лигата на шампиони. На таа фотографија, токму Јамал беше прикажан во подредена позиција.
Сега, по триумфот во „Ел Класико“, тој со сарказам им порача: „Ставете лајк и тука…“, придружувајќи го текстот со сопствена фотографија од славјето.
ФОТО: EPA PHOTO