Неверојатен дебакл на „кралевите“: Реал против Барса 23 минути не можел да го помине центарот

Четири порази од Барселона во четири натпревари сезонава се катастрофален неуспех за Реак, но уште поголем дебакл е начинот на кој загуби на вчерашниот меч.

Конечниот резултат е 4-3 за Барса, Реал во финишот имаше две шанси за израмнување и бод, но тоа ни оддалеку не го отсликува она што се случуваше на теренот. Во 14. минута мадридскиот тим поведе со 2-0, а потоа следуваше тотален потоп на четата на Анчелоти.

Лекип во својот извештај, а и во насловот, објасни дека Реал од 14 до 37. минута не успеал да излезе од својата половина, односно да спои додавање на половината на Барселона. Такво нешто не им се случило ни на најголемите аутсајдери во шпанското првенство оваа сезона и тоа доволно зборува колкава е разликата во квалитетот меѓу двата големи ривали.

Во периодот додека Реал се мачеше да се спои со топката, Барселона целосно го сврте резултатот и од 0-2 дојде до 3-2 со головите на Ерик Гарсија, Јамал и Рафиња. Нешто подоцна, во судиското ородолжение кога Реал зеде малку воздух, Бразилецот уште еднаш го совлада Куртоа и на полувреме се замина со 4-2.