Историја во Кина: Антонели втор најмлад победник во Ф1 – прв подиум за Хамилтон!
Тој со 19 години и шест месеци се најде зад Макс Верстапен, кој првпат триумфира со 18 години и 228 дена, а го престигна легендарниот Себастијан Фетел, кој дебитантската победа ја оствари со 21 години и 73 дена. Антонели по стартното надмудрување со Ферари и со клупскиот колега изби на челото и до крајот возеше беспрекорно, па триумфот во ниту еден момент не му беше загрозен. Тоа беше „еден-два“ победа за Мерцедес поради второто место на Џорџ Расел, а трката во Шангај е историска и поради третото место на Луис Хамилтон. Тоа беше негов 202. пласман на подиумот во кариерата, но прв како возач на Скудерија Ферари. То позицијата дојде по феноменална борба со клупскиот колега Шарл Леклер, со кого десетина пати си ги менуваа местата.
Пресметката во Кина ќе се памети и по трагедијата на Мекларен, чии болиди воопшто и не ја почнаа трката поради дефект, како и откажувањето на вестапен пред крајот поради дефект на болидот.