Tиквеш по бодови против Шкупи, Шкендија сака да ја продолжи трката со Вардар!

На програмата денеска во 23. коло од ПМФЛ, се два натпревари кои ќе се играат во термините од 12:00 и 14:30 часот.

Прво Тиквеш се очекува да ја оправда фаворитската улога против веќе отпишаниот Шкупи на свој терен. За тимот од Кавадарци овој дуел е прилика да се одвои од опасната зона во овој момент со 30 бода се на шестата позиција, додека првиот тим кој е на позицијата која носи во плеј-офот за опстанок, Арсими е осми со четири помалку.

Арсими денеска има и тешка задача бидејќи гостува кај Шкендија во Тетово која по ремито со Брера минатиот викенд сега сака да се врати на победничките патеки и да продолжи да го „брка“ Вардар на врвот на табелата.

Овој дуел е закажан за во вториот термин од 14:30 часот Ќе потсетиме, вчера се одиграа два натпревари од ова коло во кои Струга беше подобра од Македонија Ѓорче Петров, а Вардар со 1-0 ја совлада Брера.