Легендарниот Вујошевиќ итно префрлен во болница – ситуацијата била критична!
Според српските медиуми, поранешниот тренер на Партизан бил префрлен во Ургентен центар во тешка состојба, каде лекарите констатирале проблеми со срцето, бубрезите и белите дробови, а дополнително му била дијагностицирана и пневмонија. Првично, Вујошевиќ бил хоспитализиран поради срцеви проблеми, но поради слабата општа состојба на организмот било отежнато и лекувањето, како и спроведувањето дополнителни анализи.
Последните информации, сепак, се охрабрувачки – неговата состојба е подобра отколку во моментот кога бил примен во болница во средината на неделата. Вујошевиќ со години има здравствени проблеми, меѓу кои и дијабетес, а пред десетина години исто така бил лечен поради проблеми со бубрезите. Пред една година имаше трансплантација на бубрег во Минск, по што јавно им се заблагодари на лекарите за успешно извршената интервенција.