
Болницата на Реал доби уште два нови члена
Станува збор за Лукас Васкез и Винисиус кои не го довршија Ел Класико и го напуштија теренот на неколку минути пред крајот. Васкез замина на клупа во 84. минута поради повреда на препоните, а четири минути подоцна му се придружи Бразилецот кој има истегнување на скочниот зглоб.
Двајцата нема да играат в среда против Мајорка, но со оглед на тоа што идниот месец претстои Светското клупско првенство, не е исклучено да не се појават во тимот на Реал до крајот на Ла Лига.