Роналдо не играше, Ал Наср даде девет гола

Ал Наср ги загуби шансите за шампионска титула во првенството на Саудиска Арабија, но останува во игра за пласман во Азиската лига на шампиони.

Вечерва тимот на Стефано Пиоли оствари убедлива победа на гостински терен кај претпоследниот тим на табелата Ал Охдод кого го совлада со 9-0. Интересно е тоа што триумфот е остварен без Кристијано Роналдо кој не играше, но во негово отсуство, четири гола постигна Садио Мане, два даде Дуран, а по еден Јахја, Брозовиќ и Маран.

На три кола пред крајот на сезоната Ал Наср има 11 бода помалку од лидерот Ал Итихад, но се наоѓа во тесна борба за третото место, последно кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.