Крај на седумгодишната агонија: Хамбургер се враќа во Бундеслигата!

Еден од култните германски клубови, поранешен европски шампион Хамбургер, од идната сезона повторно ќе игра во Бундеслигата.

Денеска тимот од Хамбург го победи Улм со 6-1 и на коло пред крајот го обезбеди пласманот во елитната конкуренција. Сега има 59 бода, четири повеќе од четвртопласираниот Елферсберг и може да се подготвува за своето враќање во германското национално првенство.

Таму ќе игра по пауза од седум години откако во 2018 година, по долга криза, првпат во својата историја испадна во Цвајта. Шест години по ред Хамбургер завршуваше во топ-4 во Втората лига, два пати играше плејоф, но не успеа да се врати во најсилното германско фудбалско друштво. Се до вечерва кога повеќе од 57 илјади навивачи го поздравија големиот успех и изразија надеж за подобри денови на нивниот миленик.

Фолкспарк стадион од идната сезона повторно ќе биде центар на големи фудбалски пресметки, спектакуларна атмосфера и бундеслигашка драма.