Majнц скокна до место за Европа, Фрајбург ќе чека услуга од Леверкузен за ЛШ!

Баерн Минхен во миинатото коло ја потврди титуалта во Бундеслигата,  но во првенството и понатаму има битки за Европа и за опстанок во елитното друштво.

Важни бодови денеска во борба за излез во Европа освои Мајнц кој ја прекина кризата со триумф од 1-4 против Бохум кој е последен на табелата и во натпреварот влезе без резултатски мотив.

Амири го отвори резултатот во судиското продолжение од првиот дел, додека во вториот дел стрелаа Мвене, Буркартд и Небел, единствениот гол за домаќините беше дело на Холтман во 84. минута.

Со овваа победа Мајнц ги прескокн Вердер и Лајпциг кој денеска во меѓусебниот натпревар ремизираа 0-0.

Важни бодови освои и Хајденхајм кој славеше над Унион Берлин со 1-3. Со овој триумф Хајденхајм си ги задржа шансите да дојде до 15-тата позиција каде што сега со два бода повеќе е Сент Паули.Ќе потсетиме, 16-тата позиција во Бундеслигата, носи во плеј-офот за опстанок.

Веќе испаднати се екипите на Бохум и Кил кој денес запиша уште еден пораз од Фрајбург со 1-2. Фрајбург е во борба со Борусија Дортмунд за место во Лигата на шампионите и сега тие се во „пол-позиција“ со четири бода повеќе, но „милионерите“ допрва треба да го играат својот натпревар од ова коло против Леверкузен.

 

Фото:FSV Mainz 05/FB