Салах издоминира во изборот за најдобар во Премиер лигата - се израмни и со Анри!

Египетскиот ас и голгетер на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доби престижната награда за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната во изборот на спортските новинари на Островот. 

Сала освои речиси 90 отсто од гласовите на на новинарите и така стана првиот фудбалер во 21. век кој успеал да дојде до таков процент. Зад себе ѕвездата на Ливерпул ги остави соиграчот Вирџил ван Дајк и напаѓачот на Њукасл, Александар Исаак.

Со оваа награда, Салах се израмни со француската легенда Тиери Анри, станувајќи само втор играч кој трипати бил прогласен за најдобар во елитната англиска лига. 

Иако сезоната сè уште не е завршена, Салах веќе има постигнато 33 голови во сите натпреварувања, од кои 28 се во Премиер лигата. Со својот придонес Салах му помогна на Ливерпул да дојде и до шампионската титула.