Челси доби(ва) шанса за влез во историјата - прв да ги обедини сите европски титули (ФОТО)

Екипата на Челси ќе игра во финалето на Конференциската лига (28 мај во Вроцлав), каде што ќе се сретне со шпанскиот Бетис, откако оствари убедлив триумф во двомечот со Ѓургарден (вкупни 5-1), со што се најде на чекор од освојување уште еден европски трофеј – и тоа со историско значење.

Ако лондонци триумфираат во големото финале во Полска, ќе станат единствени со барем по еден трофеј во сите клупски натпреварувања организирани од европската фудбалска федерација (УЕФА). „Сините“ веќе имаат по два трофеја од Лигата на шампиони, Лигата на Европа и поранешниот Куп на победници на купови.

Челси првпат стана европски првак во 2012 година по драматично финале против Баерн Минхен, а втората титула ја освои во 2021 година со победа над Манчестер Сити . Во Лигата на Европа, пак, беа шампиони во 2013 и 2019 година. Клубот има и две титули од Купот на победници на купови - првата ја освои во 1971 година по двомеч против Реал Мадрид, а втората во 1998 година со триумф над Штутгарт.

ФОТО: EPA PHOTO