Легенда на шампионот го советува Вирц: Немој да одиш во Баерн Минхен!

Флоријан Вирц е желба на сите големи европски клубови, а фаворит за неговиот потпис е Баерн Минхен, кој е подготвен да плати му плати 125 милиони евра на неговиот сегашен клуб, Баер Леверкузен.

Поранешната легенда на се уште актуелниот германски шампион, Јенс Новотни, не верува дека Баварија е најдобрата дестинација за германскиот млад фудбалер. Тој играше една деценија во Леверкузен и беше дел од тимот што настапи во финалето на Лигата на шампионите во 2002 година, а во интервју за „Скај“ го даде својот совет за младиот фудбалер.

„Не верувам дека Баерн би бил најдобрата опција за Вирц. Ако одлучи да се пресели во нов клуб, тој треба прво да се навикне на новата средина и да има време да се докаже. Не сметам дека тоа ќе му биде најдобро во Минхен, каде што конкуренцијата е голема и ќе треба да се бори за место во стартниот тим“, изјави Новотни.

Тој го советува Вирц да остане во Леверкузен уште една сезона, да го освои Светското првенство во 2026 година, а потоа да се пресели во некој голем клуб од странство.

„Тој има потенцијал да стане играч од светска класа и лидер на германската репрезентација, а така би ја напуштил Германија како светски шампион“, додаде поранешниот дефанзивец.

Според него, за Вирц би било поудобно и погодно да направи следниот чекор во својата кариера надвор од земјата, во некој клуб со различна култура и со нови предизвици.