Мрежите мируваа на дербито меѓу Работнички и Силекс, немаше победник и во Струга

Работнички и Силекс одиграа без голови, без победник заврши и дуелот меѓу Струга и Шкендија, но со по еден гол на двете страни, Беса со 2-1 ја совлада Брера.

Денеска требаше да се одиграат пет меча, но поради откажувањето на Гостивар и Воска имаше само три.

Првите четири екипи на табелата имаа меѓусебни дуели кои завршија без победник.

Поздодевно беше на Националната арена „Тодор Проески“ каде играа Работнички и Силекс. Мечот заврши без голови, а немаше ниту многу шанси.

Нерешено заврши и дуелот меѓу Струга и Шкендија, но публиката крај Охридското езеро виде по еден гол на двете страни.

Струга поведе со гол на Спировски на почетокот од вториот дел, а резултатот го изедначи Латифи.

Најефикасно беше на дуелот меѓу Беса и Брера каде домаќините победија со 2-1. Ова беше директна битка за избегнување на позицијата која води во бараж за опстанок во лигата.

Пелистер со службени 3-0 ги освои бодовите против Гостивар, исто како и Тиквеш против Воска.

Резултати 30. коло

Работнички - Силекс 0-0
Струга - Шкендија 1-1
Беса - Брера 2-1
Гостивар - Пелистер 0-3 (службено)
Воска - Тиквеш 0-3 (службено)

Вчера
Шкупи - Вардар 0-2

Табела: Шкендија 64, Силекс 60, Работнички 56, Струга 48, Гостивар 39, Вардар 38, Пелистер 35, Шкупи 34, Тиквеш 29, Брера 27, Беса 27, Воска 13.