
Момците на Струмица и девојките на Јанта Волеј се шампион(к)и во младинска конкуренција
Борец немаше доволно квалитет да се носи со одличната Струмица, која доминираше во сите три сетови и славеше со 25-16, 25-17 и 25-15.
Во борбата за трето место Весна Пробиштип го надигра Работнички со 3-0 во сетови.
Младинките на Јанта Волеј станаа шампионки во женска младинска конкуренција откако по голема драма го надиграа Наковски Волеј со пресврт. Првите два сета му припаднаа на Наковски Волеј со 25-22 и 25-22, по што Јанта Волеј славеше со 25-20, 26-24 и 15-8.
Бронзениот медал му припадна на Работнички Скопје, кој славеше со 3-2 против Газели Волеј.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија