
Јувентус и Болоња ремизираа - борбата за ЛШ ќе биде пеколна!
Јувентус прв зададе удар во Болоња, откако Турам ја затресе мрежата на домаќинот во деветтата минута од натпреварот. „Старата дама“ погоди и по вторпат, и тоа во 51. минута, но голот беше поништен поради офсајд.
Болоња возврати преку Фројлер во 54. минута кога израмни на 1-1, по што немаше многу шанси до крајот на мечот и двете екипи си поделија по еден бод.
„Старата дама“ се наоѓа на четвртата позиција со 63 бодови, колку што имаат Рома и Лацио, додека Болоња е на седмото место со 62 поени.
Фото: Facebook/Juventus