Ракометарите се собраа во Скопје пред дуелите со Естонија и Литванија (ФОТО)
Македонија ја чека тешка задача во последните две квалификациски кола, а ракометарите се свесни дека само триумф против двата ривали е опција доколку сакаат да ги задржат шансите за пласман на големото натпреварување.
Ракометарите најпрво ќе се соочат против Естонија на 8 мај од 18 часот, а три дена подоцна играат против Литванија во истиот термин.
Избраниците на селекторот Кире Лазаров по четири одиграни кола се на третата позиција во групата 1 со два бодови, додека пред Македонија се Литванија со шест и Словенија со осум бода.