Ужас: Навивач на Аталанта избоден до смрт во Бергамо

Италијанските медиуми пишуваат дека навивач на Аталанта го загубил животот во тепачка во Бергамо со фановите на Интер.

Навивачот на екипата од Бергамо, кој имал 26 години, бил избоден до смрт, а медицинските екипи веднаш пристигнале да интервенираат, но не успеале да му го спасат животот.

Медиумите пишуваат дека полицијата го уапсила осомничениот за убиството во Бергамо.