Кејн конечно го скрши проклетството и освои шампионски трофеј!

Баерн Минхен стана германски шампион на две кола пред крајот по денешното реми меѓу Фрајбург и Баер Леверкузен (2-2), а најмногу се израдува англискиот голгетер Хари Кејн кој го освои првиот шампионски трофеј.

Кејн чекаше долги години да го почувствува вкусот на титула во лигата во која што игра, а конечно тоа му успеа во Баерн Минхен на 31-годишна возраст.

Англичанецот во кариерата одигра над 600 натпревари, при што постигна 387 голови и 103 асистенции.

Фото: EPA PHOTO