Драма во Франција: Марсеј и Лил си поделија по еден бод

Олимпик Марсеј освои бод на тешкото гостување кај Лил во 32. коло од француската Лига 1.

Двата гола на натпреварот беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Марсеј поведе со погодокот на Гуири, додека Фернандез-Пардо стрелаше во 75. минута за 1-1.

Марсеј се наоѓа на втората позиција со 59 бодови, по што следи Монако со 58, а Ница, Лил и Стразбур имаат по 57.

Фото: Facebook/Olympique de Marseille