Дерби без голови меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао во Сан Себастијан

Реал Сосиедад доминираше во дуелот против Атлетик Билбао во 34. коло од шпанската Ла Лига, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Домаќинот беше подобар противник на теренот од Атлетик, меѓутоа не реализира ниту една од шансите кои ги создаде, а вкупно имаше 12.

Атлетик Билбао по ремито остана на четвртата позиција со 61 бод, додека Реал Сосиедад се наоѓа на 11. место со 43 поени.

Фото: Facebook/Real Sociedad de Fútbol